КАРАНФИЛ
Во Македонија виреат разни видови на каранфили, од кои некои се заеднички за поширокиот регион или континентот, но некои се ендемски:
- галичички каранфил (Dianthus galicicae ) — на варовничка подлога во месноста Војтина на планината Галичица, југозападна Македонија.[1]
- јабланички каранфил (Dianthus jablanicensis ) — субалпскиот појас на планината Јабланица, југозападна Македонија.[2]
- јакупички каранфил (Dianthus jacupicensis ) — на Солунска Глава и Марина Дупка, во состав во високопланинскиот појас на планината Јакупица, централна Македонија.[3]
- кајмакчалански каранфил (Dianthus kajmaktzalanicus ) — на планината Кајмакчалан, јужна Македонија.[4]
- капински каранфил (Dianthus kapinaensis ) — долното течение на реката Треска, Барбарос кај Македонски Брод, кај Капина и Оча во Поречието и во с. Нова Брезница во околината на Скопје. [5]
- македонски каранфил (Dianthus macedonicus) — на планината Крчин, западна Македонија.[6]
- охридски каранфил (Dianthus ohridanus ) — на планината Галичица, југозападна Македонија.[7]
- пелистерски каранфил (Dianthus myrtinervius ) — во алпскиот и субалпскиот појас на Пелистер (Баба Планина), југозападна Македонија. Фигурира на Црвениот список на МСЗП (1997) како загрозен вид.[8]
- прилепски каранфил (Dianthus prilepensis ) — Маркови Кули, Трескавец, Плетвар, Селечка Планина и Мариово во околината на Прилеп и с. Светораче, Кичевско.[9]
- скопски каранфил (Dianthus skopjensis ) — во клисурата на реката Треска, меѓу Козјак и Нова Брезница.[10]
Одгледување[уреди | уреди извор]
Каранфилот има подолга историја на одгледување и вкрстување, па затоа постојат илјадници градинарски и цвеќарски сорти со многу нијанси на бела, розова, жолта и црвена боја и огромна разновидност на облици и белези. Одгледуваните каранфили можат да се поделат на обрабени, вечноцутни, малмезонски, старински, современи и планински.[11]
Некои видови[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Каранфилче — несродно растение што се користи како мирудија
- Каранфилска револуција — државен преврат во Португалија (1974)
- Кирил Мицевски — проучувач на македонските ендемски каранфили
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „каранфил, галичички“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, јабланички“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, јакупички“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, кајмакчалански“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, капински“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, македонски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, охридски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, пелистерски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, прилепски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ „каранфил, скопски“. Македонска енциклопедија книга : стр. . (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 1405332964.
No comments:
Post a Comment