VIDOVI CVETOVI
Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка (Pedunculus), а доколку таа отсуствува, велиме дека се тоа приседнати цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо изразени нодиуми, на кој се поредени останатите цветни елементи, познат како цветна ложа (Receptaculum).
Цветните елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни (стерилни) и репродуктивни (фертилни) елементи.
Заштитни елементи
Тоа се главно листови што го претставуваат околуцветникот (цветната обвивка), кој во зависност од тоа од какви листови е изграден, може да биде:
- перигон, или хомохламиден, односно прост околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се разликуваат по форма, големина и боја:
- венчевиден перигон, кога ливчињата се слични на венечните
- чашковиден перигон, кога ливчињата се слични на чашкините
- перијант, или хетерохламиден, односно сложен околуцветник, изграден од два круга на ливчиња кои се идентични:
Репродуктивни елементи[уреди | уреди извор]
Тоа се функционалните елементи на цветот, оние со кои растението се размножува и дава идни поколенија:
- прашници (Stamen, за група од прашници Androeceum), растителните машки полови "жлезди" во кои се образува поленот. Еден прашник е составен од:
- прашнички конец (Filamentum)
- прашничка ќеса (Anthera) (прашниците без антери се нарекуваат стаминодии)
- полуантери (Theca)
- сврзувачко стерилно ткиво (Connectivum)
- плодник или толчник (Pistillum, за група од плодници Gynaeceum), растителните женски полови "жлезди" во кои се образува и развива плодот. Еден плодник е составен од:
Видови на цветови[уреди | уреди извор]
Цветовите можат да се поделат врз база на различни критериуми.
Според распоредот на цветните елементи на цветната ложа, разликуваме:
- спирални (ациклични) - елементите имаат спирален распоред на издолжена цветна ложа. Вакви се цветовите на лутичињата.
- кружни (циклични) - доста чести цветови, елементите поредени во круг на силно скусена цветна ложа.
- полукружни (семициклични) цветови - поедини елементи имаат спирален, а други кружен распоред.
Според местоположбата на прашниците и плодниците, има:
- хермафродитни - двополни цветови, на кои има и прашници и плодици, како кај перуниката
- еднополни цветови - машки или женски, поретки, на кои има само прашник или само плодник
- стерилни - бесполови цветови, имаат само околуцветник, како кај георгината.
Според местоположбата на машките и женските цветови, има:
No comments:
Post a Comment